
Сопругата на ранетиот лекар Шахини е уапсена, според полицијата таа имала врска со пукањето
43-годишната сопруга на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше нападнат и ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според МВР, за тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг.
Шахини беше нападнат вчера, кога маскиран човек со пиштол се доближи до неговиот автомобил и стрелаше, погодувајќи го во ногата.
„На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес“, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека осомничениот за пукањето, 36-годишен гостиварец, е во бегство.
„По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.
Нападнатиот Зекирија Шахини е носител на советничката листа на ДУИ во Липково на претстојните локални избори.
ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини