Фото: Принтскрин - Инстаграм

Сопругата на Брус Вилис го продаде целиот имот за да вложи во лекувањето на актерот

Деменција, состојбата која му беше дијагностицирана актерот Брус Вилис, е наследно нарушување кое ги зафаќа фронталниот и темпоралниот лобус. Карактеристичната возраст за настанување е типично помлада возраст (55-65 години) отколку кај Алцхајмеровата болест.

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, преку својот инстаграм-профил ја потврди поддршката што ја добива од сите доктори и специјалисти за грижата на својот сопруг во овие тешки времиња. На 67-годишниот актер неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, болест чии симптоми вклучуваат и често-променливо однесување, па и агресивност.

Хеминг работи со специјалистката Тепа Сноу со цел да научи како најдобро да се грижи за својот сопруг во овој момент.

„Благодарна сум што имав можност да работам со Тепа Сноу, која ми помага на многу начини како да се справам со деменцијата на Брус“, напиша Хеминг.

Поради влошената здравствена состојба, ѕвездата реши да ги продаде сите свои имоти освен куќата во која што живее. Домовите што ги продаде беа локациски во Туркс и Каикос, Ајдахо и Беверли Хилс. Планот на Брус и Ема е да се населат во близина на нивното семејството во Калифорнија, за Брус да може да поминува повеќе време со своите најблиски.

Според „Top Ten Real Estate Deals.com“, Брус го продал имотот за 27 милиони долари во 2019 година, а сега се враќа на пазарот за 37,5 милиони по целосното редизајнирање. Во меѓувреме, неговиот имот од 22,6 хектари во Вестчестер, Њујорк, беше продаден за 7,66 милиони во 2020 година, што е неверојатни 41 отсто помалку од првичната барана цена од 12,95 милиони.


„Ги ставам потребите на моето семејство над моите. Тоа е сега најважно, и не треба да се сметам за никаков херој. Понекогаш тоа знае да влијае на моето целокупно ментално здравје“, призна Хеминг.

Блиските на Брус Вилис соопштија лоша вест: Болеста напредува

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

Како Брус Вилис сними 22 филма за три години покрај проблемите со говорот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот