
Сопругата на Боатенг предизвика бура во јавноста: Го сакам сексот, ама не сум нимфоманка (ФОТО)
Мелиса Сата е италијанска манекенка и сопруга на фудбалерот Кевин Принс Боатенг, a пред осум години ја возбуди јавноста јавноста кога изјави дека таа е главниот виновник за повредите на нејзиниот сопруг.
Препорачано
– Ние сме диви во креветот, имаме секс седум до десет пати неделно. Ја мразам предиграта и сакам кога веднаш ќе се „фатиме“ на работа – изјави тогаш Мелиса Сата.
Сега, осум години подоцна новинарите на „Газета дело Спорт“ повторно ја прашаа Сата дали е главен виновник за повредите на својот сопруг, потсетувајќи ја на изјавата која ја даде за медиумите пред осум години:
– Тоа што сме диви во креветот и имаме секс толку често, не значи дека сум нимфоманка. Кога станува збор за фудбалот, мора да бидете внимателни со изјавите, особено кога станува збор за интимните односи. Не можете да верувате какви проблеми си направив со таа изјава од пред осум години – изјави Сата.
Боатенг моментно настапува за Бешикташ како позајмен фудбалер од Фиорентина, а во кариерата има настапувано и за Херта, Тотенхем, Милан, Барселона и Ајнтрахт.