Profimedia

ВИДЕО | Сондата Паркер ја преживеа блиската средба со Сонцето: Доаѓаат податоци од историската мисија

НАСА соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер е безбедна и работи нормално откако успешно го заврши историски најблиското приближување до Сонцето на објект кој го изработил човек.

Вселенското летало на 24 декември помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за оваа ѕвезда најблиска до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика, „Џонс Хопкинс“ во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Соларната сонда Паркер – Најбрзиот објект направен од човек, никогаш не бил поблиску до површината на Сонцето

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Движејќи се со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржало температури до 982 Целзиусови степени, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија на Сонцето од голема близина ѝ овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во тоа подрачје се загрева на милиони степени, какво е потеклото на сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзина приближна до брзината на светлината“, додадоа од агенција.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè потесна орбита околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера во текот на прелетот покрај таа планета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот