Фото: ЕПА

Социјалистите и демократите во ЕП го осудија полициското насилство во Нови Сад и односот на Вучиќ кон пратениците

Групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент (ЕП) денеска го осуди непочитувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон членовите на ЕП, кои ги нарече „eвропски олоши“ и се закани дека ќе ги гони.

„Во средината на континуираното насилство врз народот на Србија, претседателот Вучиќ сега прибегна кон очајно непочитување на Европскиот парламент“, се вели во пораката на групата на платформата Икс, пренесува Нова.рс.

„Остро го осудуваме полициското насилство во Нови Сад во петокот вечерта и неприфатливите клевети упатени кон Европската зелена партија“, се додава во пораката.

Вучиќ ги нарече „олош“ европратениците кои беа на протест во Нови Сад каде полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите

Во телевизиска изјава доцна синоќа, Вучиќ ги нарече пратеникот на Европскиот парламент од Зелената партија, Расмус Нордквист, и копретседателот на Европската зелена партија, Вула Цеци, „европски олош“ и се закани дека ќе ги гони.

Пратениците ја посетија Србија за да покажат солидарност со мирните демонстранти и партијата Зелено-левичарски фронт. Во петокот, тие одржаа прес-конференција во српскиот парламент во Белград со копретседателите на Зелено-левичарскиот фронт, Билјана Ѓорѓевиќ и Радомир Лазовиќ. Цеци го повтори повикот на Зелените за фер и слободни избори во Србија.

ВИДЕО: Снимки од бруталноста на полицијата во Нови Сад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот