Урнатата настрешница во Нови Сад / EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Собранието на Нови Сад усвои иницијатива за поставување споменик за жртвите од падот на настрешницата

Градското собрание на Нови Сад денеска ја усвои иницијативата на градоначалникот Жарко Миќин за поставување споменик за 16-те жртви од уривањето на настрешницата од зградата на железничката станица во Нови Сад, а советниците од опозицијата ја напуштија седницата во знак на протест и не гласаа, јавува Н1 телевизија.

Опозицијата изјави дека „режимот нема кредибилитет да поддржи вакви иницијативи и да подигне споменик на жртвите, бидејќи владата е одговорна за оваа трагедија“.

Студентите на факултетот во Нови Сад, исто така, протестираа против иницијативата на градоначалникот.

„Сега сакаат да подигнат споменик на оние што ги убија со нивната корупција. Ние никогаш нема да го дозволиме тоа“, рекоа студентите.

Студентите и граѓаните и денеска протестираа пред зградата на Градското собрание, која од вчера беше опкружена со метални огради, а присутни беа и полициски и жандармерски сили. Улицата пред зградата на Собранието беше блокирана за сообраќај.

Опозиционерите на влезот во Градското собрание беа претресени од обезбедувањето, а беа претресени и новинарите кои известуваа од седницата.

Ова стана практика откако траат протестите пред зградата на Градското собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот