Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собрание / фото: Влада на РСМ

Собранието на Република Северна Македонија во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците.

Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

По усвојувањето на Законот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот