Собранието ги изгласа законите за автопатските коридори, пратеници од власта гласаа против

Бехтел и Енка / Фото МИА

Собранието денеска експресно ги изгласа во прво читање предлог-законите кои треба да ги олеснат условите околу изградбата на автопатските коридори 8 и 10, од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Беа повлечени единствено измените на Законот за културно наследство, против кои денеска протестираа археолозите пред Собранието.

Контроверзните предлог-закони, за кои имаше многу негативни коментари во јавноста, а за нив реагираше и Антикорупциската комисија, во Собранието не добија поддршка од сите пратеници на парламентарното мнозинство. „За“ гласаа пратениците на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а против или воздржани беа петмина пратеници од помалите коалициски партнери, како ЛДП и ДОМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата пред гласањето, како што претходно најавија.

Осумте закони кои сега треба да го поминат второто читање во Собрание, предвидуваат ослободување од ДДВ за изведувачот на проектот, полесна експропријација на земјиште, но и овозможување работниците да работат во недела и да работат повеќе од осум часа, за што реагираа синдикатите и здруженијата за работнички права.

Власта со неприлагодена брзина ги „вози“ автопатиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот