EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Собите во олимпиското село опремени со„антисекс“ картонски кревети

Во собите на спортистите кои ќе учествуваат на Олимписките игри во Токио се поставени специјални картонски кревети кои можат да издржат тежина и до 200 килограми, но во исто време можат да се распаднат од изненадувачки движења.

Одлуката за поставување на специјални кревети во олимпиското село ја донесе Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), додека организаторот им порачува на спортистите да избегуваат непотребни физички контакти помеѓу спортистите.

Управникот на олимпиското село во Токио, Такеши Китаџима порача дека креветот може да издржи тежина до 200 килограми, но и дека не треба да скока по него бидејќи ќе се распадне.
Спортистите картонските кревети веќе ги нарекоа „антисекс“ кревети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот