Сцена од претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин / Фотографија: Кире Галевски

Со претставата „Народен пратеник“, МНТ ќе учествува на фестивалот „Стериино позорје“ во Нови Сад

Македонскиот народен театар со радост ја прими веста за селекцијата за учество на 70. издание на театарскиот фестивал „Стериино позорје“ во Нови Сад, Србија.

На денешната прес-конференција (25 март) од страна на д-р Ана Тасиќ – селектор на фестивалот, д-р Мирослав Радоњиќ – директор на „Стериино позорје“ и Горан Ибрајтер – извршен директор на „Стериино позорје“, беа соопштени селектираните театарски куќи и претстави. Во селекцијата е и претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин и во продукција на Македонскиот народен театар.

Овогодишното 70. „Стериино позорје“ ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни 2025 година под мотото „Создавање историја / менување на иднината“. Покрај МНТ во натпреварувачката програма учествуваат и Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, „Атеље 212“, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште во Нови Сад и други.

Последното учество на МНТ на фестивалот беше пред 22 години на 29 мај 2003 година со претставата „Павиљони“ од Милена Марковиќ, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Последните награди кои ги добива МНТ се на тогашните 30. Југословенски театарски игри „Стериино позорје“, Нови Сад, што се одржаа од 26 мај до 3 јуни 1985 година: Награда за претстава во целина за „Среќна нова ’49“; награда за режија за Слободан Унковски за „Среќна нова ’49“; награда за актерско остварување на Ненад Стојановски за улогата на Пиги во „Среќна нова ’49“ и награда за сценографија за Динка Јеричевиќ за „Среќна нова ’49“. Следната 1986 година, наградата за особени заслуги доби режисерот Димитар Ќостаров, известија од МНТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот