Со поразот од Реал Мадрид заврши неверојатната серија на Родри

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Maнчестер Сити вчера беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а со овој пораз на „граѓаните“ заврши и неверојатната серија на Родри.

Фудбалерот за врска на гигантот од Манчестер беше без пораз 437 дена и во тој период одигра 67 натпревари.

По поразот од „кралевите“ Родри истакна дека според него Манчестер Сити доминирал и повеќе заслужил да игра во полуфиналето.

„Реал Мадрид е исклучително силен тим, сепак мислам дека ние бевме многу подобри и заслуживме да одиме во полуфиналето ако се земе предвид доминацијата на теренот“, изјави Родри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот