Со пари од нелегален комар плаќале кредит во банка – жители на Скопје и Дојран добија кривични пријави

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 и „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 од Закон за игрите на среќа и за забавните игри, против К.А.(57) од Дојран, М.К.(62) од Дојран и Ф.П.(51) од Скопје, сите вработени во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело” по член 273 во врска со член 22 „соизвршителство“ од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Во периодот од 01.01.2017 до 17.04.2019, сопственикот К.К. во просториите на друштвото организирал приредување на игри на среќа без да поседува лиценца, односно дозвола од надлежен орган, со што противправно се стекнал со парична имотна корист на својата лична сметка. На оваа сметка и пријавените К.А., М.К. и Ф.П. извршиле уплати во вкупен износ од 102.810.613 денари или 1.671.717 евра. Со ваквото дејствие тие го сториле кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, велат од ЈО.

Парите кои биле стекнати од приредувањето на игрите на среќа без лиценца, четворицата пријавени ги пуштиле во легален платен промет, уплатувајќи ги на сметката на К.К., кој понатаму ги префрлал како позајмици кон пријавеното правно лице, кое во најголем дел ги користело за враќање на хипотекарен кредит кон една банка, како и за тековно работење, додаваат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот