Фото:Алсат

Со „аудито“ што заврши во Вардар управувала 23-годишна девојка

Со автомобилот „Ауди“ кој пред два дена излета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар управувала 23-годишната Н.А. , информираат од МВР. Во трагичната сообраќајна несреќа загинаа четири лица од семејството Арслани од селото Грчец. Преживеа само 5-годишно дете кое излетало од возилото при превртувањето и било најдено од случајни минувачи.

Во возилото кое беше извадено од водите на Вардар биле пронајдени телата на три женски лица, а вчера во близина на несреќата беше пронајдено и безживотното тело на исчезнатото машко лице А.А.

Во трагичната сообраќајка загинаа трите женски лица Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59) сите од село Грчец, Скопско.

Детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рашче е веќе на домашно лекување.

Полицијата продолжува со истражување на настанот и преземање на сите неопходни мерки за расветлување на сообраќајната несреќа која заврши со човечки жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот