
Снимањето на филмот „Rust“ на чиј сет беше застрелана снимателката, продолжува в четврток
Снимањето на филмот „Rust“ со Алек Болдвин во главната улога ќе продолжи в четврток, 18 месеци откако снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на вестернот, објавија продуцентите во вторникот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Снимањето ќе се одвива на локацијата на филмскиот ранч Јелоустоун во Монтана. Пред несреќата, снимањето беше на локацијата на ранчот Бонанца Крик во близина на Санта Фе, Ново Мексико.
Хачинс (42) им подлегна на повредите во октомври 2021 година, откако беше застрелана од огнено оружје со кое управуваше Болдвин, продуцентот на филмот и главната ѕвезда. Актерот, кој тогаш ја уби Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, рече дека му било кажано дека во пиштолот Колт. 45 нема вистински куршуми.
Тој беше обвинет за убиство од небрежност и се изјасни за невин. Под истото обвинение е и Хана Гутиерез-Рид, одговорната личност за оружјето на сетот. Ако бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари. Прелиминарното рочиште треба да започне во мај.
Дејв Холс, координаторот за безбедност и помошник режисер на филмот кој му го предал наполнетиот пиштол на Болдвин, договорил спогодба со обвинителите. Тој ја призна вината и минатиот месец беше осуден на условна казна од шест месеци.
„Продукцијата соопшти дека отсега натаму ќе биде забранета употреба на каква било форма на муниција на сетот“, изјави за АФП Мелина Спадоне, адвокатка на „Раст муви продакшн“.
Таа потсети дека „вистинските куршуми, боева муниција секогаш биле забранети на снимањето“.
Метју Хачинс, сопругот на убиената Халина, сега ќе биде извршен продуцент „Rust“, а Бјанка Клајн ќе ја преземе должноста на снимателка. Во продукцијата се враќа и режисерот Џоел Соуза, кој беше ранет во пукањето. Продуцентите ги ангажираа Гери Џенсен и Пол Џордан, кои ќе бидат задолжени за безбедноста на сетот.
Несреќата предизвика шок во Холивуд и резултираше со јавен повик за целосна забрана за употреба на вистинско оружје на снимање.
Експертите од филмската индустрија тврдат дека строги безбедносни правила постоеле и порано, но дека тие често се игнорираат.
Повлечено обвинението против Алек Болдвин: Дали актерот се спаси од максимална казна затвор?