боб сагет
Боб Сагет / Фото: EPA-EFE/Instagram

Смртта на Боб Сагет ги крена експертите: Неговата повреда личи на удар со автомобил или со бејзбол палка

Aмериканскиот комичар, актер и водител Боб Сагет почина пред повеќе од еден месец, на 9 јануари годинава, на 66-годишна возраст.

Властите, по извршената обдукција, открија дека Сагет починал од повреда на главата. Заклучиле дека случајно тилот, задниот дел од главата, го удрил во нешто, мислејќи дека тоа не е ништо страшно и отишол да спие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob (@bobsaget)


Меѓутоа, откако минатата недела објавија дека Сагет починал од повреда на главата која не ја ни забележал, експертите сега се огласија тврдејќи дека тоа е многу посилен удар отколку што се мислеше.

Причината за неговата смрт се припишува на тоа што паднал наназад и се удрил во задниот дел од главата, според извештајот од обдукцијата, а неговата смрт е прогласена за несреќен случај.

Здравствените експерти сега се прашуваат колку темелно е истражена неговата смрт и што предизвикало кај Сагет толку значаен удар во главата, што неврохирургот Санџај Гупта го коментирал за Си-ен-ен.

– Мислам дека обдукцијата открива многу повеќе и дека тоа не бил само невин удар во главата. Кога го читате извештајот од обдукцијата, можеби изгледа така, но тоа бил силен удар во главата – коментирал Гупта.

– Потребна е многу сила за черепот да се здобие со толку големо оштетување. Судејќи по сѐ, лице со повреди како Сагет требало да падне по скали или дури да го удри автомобил. За жал, никогаш нема да дознаеме што точно се случило. Можам само да кажам дека за ваква повреда е потребен удар со палка за бејзбол – заклучил тој.

На Твитер набрзо почнаа да кружат теории на заговор, па обожавателите на Боб Сагет заклучија дека полицијата треба да покрене истрага.

– Констатирано е дека случајно со нешто се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие“, напишало неговото семејство во соопштението, а со претходна обдукција потврдиле дека причина за смртта не била ниту дрога ниту насилство.

Почина комичарот Боб Сагет: Актерот пронајден мртов во хотелска соба

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот