
ВИДЕО | Смртно е застрелан судија во судница во Тирана
Дел од куршумите погодиле и уште две лица, татко и син, кои се вон животна опасност.
Непознат напаѓач влегол во судница и го застрелал апелацискиот судија Астрит Каљаја, кој бил однесен во болница во Тирана каде што му била пружена медицинска помош, но кусо потоа подлегнал од здобиените повреди, објавува „Албанијан пост“.
Препорачано
Дел од куршумите погодиле и уште две лица, татко и син, кои се вон животна опасност.
Сторителот Ѓан Шлемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја чита донесената одлука во врска со неговиот случај.
Судијата Калаја водел случај околу сопственоста на поранешна училишна зграда во северниот град Скадар, во која биле сместени 31 семејство. Семејствата го тужеле Шлемби дека со фалсификувани документи станал сопственик на објектот и на околната површина и барал од нив да го напуштат објектот.
Се истражува како убиецот минал преку неколку физички проверки и детектори за метал.
Инаку, судијата Астрит Каљаја со години служел во албанскиот судски систем, а од неодамна бил во Апелациониот суд во Скадар.
Тој поминал низ процес на проверка во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
21мин
-
31мин
-
35мин
-
55мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5