
Словенија: Од 23 август нема поминување низ државата без доказ за вакцинација
Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест .
Препорачано
„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања”, се вели во соопштението на владата по синоќешната седница.
Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус на Ковид на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.
Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија сѐ уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници мигранти и вработени во меѓународен транспорт.
Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.
Извор: МИА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
51мин
-
58мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5