Словенечките бизнисмени се жалат: нема слух за економијата, а конкурентноста се влошува!

Фото: Twitter Visit Ljubljana

Бизнис секторот на Словенија, упати писмо до премиерот Роберт Голоб, во кое го предупредува дека договорите и желбата за конструктивна соработка не се исполнети.
„Јасно е дека не ја слушаат економијата, чија конкурентност затоа се влошува. Како резултат на тоа, ова лошо влијае на благосостојбата на општеството“, напишаа тие.

„Владата не покажува вистинско разбирање за економијата. Се чини дека нема подготвеност да се направи чекор во насока на тоа да се олесни и со тоа да се направи поконкурентна. Во моментов, се чини дека тој бара само нови извори за дополнително оптоварување на економијата и за зголемување на јавната потрошувачка“, велат од стопанските, занаетчиско-претприемничките, трговските, даночните советодавни и британско-словенечките и словенечко-германските комори, здруженија на банки, работодавачите и претприемачите. Работните тела формирани со владата, како даночната група, даночниот стратешки совет и групата за отстранување на административните пречки, се насочени кон себе, а напредок не донесе ниту дискусијата за отстранување на административните пречки во областа на здравството, наведуваат тие.

„Затоа се чини дека нема желба за конструктивна соработка“, оценуваат тие и додаваат дека жалат за таквиот однос, бидејќи сметаат дека овие групи се увертира за повторно воспоставување на трипартитниот социјален дијалог, кој обезбедува еднаков третман на сите партнери и ги носи најдобрите решенија за целото општество, информира Н1 Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот