Украински бегалци на границата со Словачка/ Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Словачка прогласи вонредна состојба поради големиот број украински бегалци

Владата на Словачка денеска прогласи вонредна состојба поради приливот на странци во земјата, јавуваат словачките медиуми.

Како што се наведува, целта на воведувањето на вонредната состојба, која стапи на сила точно напладне, е да се создадат неопходни услови за отстранување на последиците од масовниот прилив на странци на територијата на Словачка.

Претставници на Владата и други органи се задолжени за преземање мерки за цивилна заштита на населението, за решавање кризни состојби за да не се загрозат животите, здравјето и имотот на жителите на земјата.

Во текот на изминатиот ден источната граница на Словачка ја минале 10.500 лица.

Пред кризата во Украина, словачките граничари регистрирале околу 1.500 премини на источната граница на земјата.

ФОТО: Колона од украински бегалци долга 6 километри на границата меѓу Украина и Словачка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот