„Слободен печат“: Украина ќе го „одблокира“ македонското Собрание?

Утре во весникот „Слободен печат“ можете да прочитате:

Хроника – Тешко оди повлекувањето странци од кризните жаришта во Украина: Македонци за евакуација бараат место повеќе во бугарски автобуси. Се обратив на неколку амбасади. Моментно чекам одговор од бугарската, имаат автобуси за евакуација, ама ми се чини дека ќе нема место. Повеќе македонски семејства се заглавени во Киев и не можат да го напуштат градот, секој се снаоѓа сам, вели Сашо Андонов, Македонец кој живее во Киев.

Пратениците ќе донесат декларација за осуда на руската агресија – Украина ќе го „одблокира“ македонското Собрание? Ситуацијата е пречувствителна, ако има декларација, таа треба да е добро осмислена и усогласена, а не партиите да се натпреваруваат која ќе биде подносител. Станува збор за исклучително стратегиско прашање, вели пратеникот Павле Трајанов.

Се бара прекин на иницијативата – Руската инвазија фрли сенка и врз Отворен Балкан? Со ваква Србија, Отворен Балкан станува Тројански коњ на Путин. Ја повикувам владата веднаш да се повлече од иницијативата сè додека Србија не се дистанцира од Путин и не престане да ја поткопува независноста на Косово, вели Села.

Се релаксира епидемиолошката состојба во земјава. Ќе се затвораат ковид-центрите на интерните клиники во „Мајка Тереза“. Доколку состојбата и понатаму продолжи да биде стабилна, не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки.

Економија  – Ние сме во економска трета светска војна, вели Синиша Наумоски, универзитетски професор. Во однос на надворешниот долг мораме да сме внимателни, но имаме простор за нови задолжувања, рече професорот Наумоски, кој оцени дека рускоукраинскиот конфликт ќе биде долг, сметс професорот

Свет – Санкциите предизвикаа паника во Русија – Рубљата торпедирана, Русите во инвазија врз банкоматите. Реагирајќи на исклучувањето на неколку руски банки од меѓународниот банкарски систем СВИФТ, Централната банка на Русија двојно ги зголеми каматните стапки за да го запре падот на вредноста на рубљата, а граѓаните брзаа да ги извадат парите од банкоматите

Путин можеби „блефира“, но реална е заканата од нуклеарен холокауст. Аналитичари укажуваат дека заканата од нуклеарна војна е многу посериозна отколку што ја толкуваат на Запад, особено поради неочекувано неразумното однесување на рускиот лидер.

Еспресо – Не штедете на заштита од паразити за домашните миленици.вели ветеринарката Наташа Бојчева. Внатрешните и надворешни паразити можат да му го променат или скратат животот на домашниот миленик. Крлежите пренесуваат многу болести, кои ако не се препознаат и лекуваат на време, може да доведат до смрт на миленикот. Болвите пак, докол- ку се намножат, можат да предизвикаат страшни анемии, особено кај млади кутриња и мачиња.

Евровизиската победничка Џамала бега од Киев. Со денови сме со децата во автомобилот, без храна. Ноќта на 24 февруари го напуштивме Киев со нашите деца и поминавме речиси четири дена во автомобилот, без храна, бидејќи во состојба на шок никој не се сети нешто да понесе. Два километра за четири часа, отприлика толкава е брзината со која се движевме, напишала Џамала.

Што прави Борис Цветановски, пејач, текстописец, инструменталист и музички продуцент, кој на интернационалната музичка сцена ѝ се претстави под псевдонимот Рис Флауер.

Не пропуштајте ги и другите редовни рубрики Трибина со колумни, Гастрономија, Здравје, Огласи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот