
Славниот „Лук Скајвокер“ ѝ испрати на Украина 500 дронови и откри зошто му помага на Зеленски
Актерот Марк Хамил, кој го играше Лук Скајвокер во култната научно-фантастична серија „Војна на ѕвездите“, откри дека само во последниот месец испратил повеќе од 500 дронови во Украина преку платформата за собирање средства „United24“. Во интервјуто во четвртокот на радиото „Блумберг“, актерот инсистираше на тоа дека на Украина ѝ „треба“ оружје.
Препорачано
– Многу едноставно: на Украина ѝ се потребни дронови. Тие го дефинираат исходот од војната, ја штитат својата земја, својот народ, ја надгледуваат границата, тие се очите на небото“, му рекол Хамил на водителот Џо Матје, додавајќи дека платформата за собирање средства секоја недела му испраќа повеќе информации за нивниот напредок во добивањето беспилотни возила.

Минатиот месец Хамил беше именуван за амбасадор на „United24“ на проектот „Army of Drones“. Проектот е една од неколкуте иницијативи за собирање средства за беспилотни летала што Украинците ги поставија за да го подобрат својот воздушен арсенал. Другиот, лансиран претходно овој месец, собра 9,6 милиони долари за само 24 часа за да купи камикази дронови. Во меѓувреме, САД ветија повеќе од 27 милијарди долари само воена помош за Украина од почетокот.
Хамил е само еден од низата холивудски ѕвезди кои ја искористија својата слава за да ѝ помогнат на Украина во војната против Русија. Претходно, Бенедикт Камбербач вети дека ќе обезбеди станови за бегалците, а Шон Пен отиде на состанок со Зеленски и рече дека размислува за „војување против Русија“, наведува „Мондо“.
ВИДЕО | Крајот на „Војна на Ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ бил сменет само за публиката