
Славниот актер виновен за поразот на Камала Харис: „Донесете ми го Клуни, треба да… поразговараме!“
„Очајните“ демократи сега се „нафрлија“ на холивудскиот актер и режисер Џорџ Клуни откако Камала Харис ги загуби изборите. Клуни се најде на удар на критики затоа што беше упорен во барањата Џо Бајден да се откаже од претседателската трка.
Препорачано
Откако стана јасно дека Доналд Трамп е победник на изборите во Америка, демократите гледаат кого да обвинат за поразот на Камала. Тие го вперуваа прстот кон Бајден и Тим Волц, а на удар се најде и Клуни, кој беше влијателен во текот на кампањата.
Познатиот холивудски актер во јули во „Њујорк тајмс“ го повика Џо Бајден да ја напушти претседателската кампања, пишувајќи: „Нема да победиме во ноември со овој претседател“.
Џорџ Клуни подоцна го пофали Бајден дека е „несебичен“ кога објави дека ќе се повлече на 21 јули, оставајќи ја Камала Харис да започне 107-дневна кампања со надеж дека ќе го победи Трамп.
Таа кампања дојде до горчлив крај во средата, бидејќи Трамп обезбеди убедливо враќање во Белата куќа. Во моментов има 294 електорски гласови.
Оттогаш, Клуни е на удар на демократите и опасно му се забележува што своевремено го повика Бајден да се повлече од претседателската трка.
Групата политички аналитичари алтНОАА на социјалната мрежа Икс објавила пост во кој пишува: „Некој нека ми го донесе Џорџ Клуни, мора да… позборуваме“.
Новинарот Џошуа Хартли објавил фотографија од делот на Клуни од „Њујорк тајмс“ и додал: „Ти благодарам Џорџ Клуни“.
Еден корисник на Икс напишал: „Трамп не треба да заборави да им се заблагодари на славните холивудски личности. Особено на Џорџ Клуни“.
Еден обожавател на Доналд Трамп, исто така, се осврнал на Клуни и напишал: „Штотуку ми текна дека не му оддадовме признание на Џорџ Клуни за оваа победа!“
„Зошто се предомислил Џорџ Клуни!?“, напишал уште еден обожавател, веројатно мислејќи на молчењето на актерот на социјалните мрежи по победата на Трамп.
Потрагата по виновник продолжила доцна во ноќта, бидејќи помошниците на Бајден им рекле на новинарите на Белата куќа дека ја сметаат поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за одговорна за излегувањето на Бајден од трката.
Изворите на „Бајденворлд“ тврдат дека, не само што требало претседателот да остане во трката, туку и да ги придобие гласачите од белата работничка класа кои Камала Харис во голема мера му ги „отстапила“ на Трамп.