Слободан Трендафилов, Претседател на ССМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Скоро три четвртини од работниците имаат плата пониска од просечната, вели Трендафилов

„Македонија не смее да остане земја со најниски плати и најевтина работна сила! Во земја во која во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата, фрапантни се податоците според кои уште позагрижувачки се податоците дека во месец мај (последен податок од УЈП обезбеден од ССМ) има евидентирано 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) работници кои примиле просечна плата што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија!“, напиша на „Фејсбук“ претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

„Ако се има предвид фактот дека од 2022 година, кога ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, имаше 7062 нови фирми, а избришани 5694, во 2023 година, со минимална плата од 20.175 денари, имаше 7062 новоосновани, а само 3372 затворени, а во 2024 година, со покачување на минималната на 22.567 денари, имаше 6627 нови фирми и само 2891 затворена, овие бројки покажуваат дека со секое зголемување на минималната плата бројот на затворени фирми ОПАЃА, а бројот на новоосновани фирми расте, тогаш паѓаат во вода сите изговори дека нема простор за зголемување на минималната плата“, вели Трендафилов.

„Потсетуваме дека во регионот минималната плата расте, а само во Македонија стагнира. Па така, на пример, во Србија минималната плата од октомври ќе изнесува најмалку 500 евра, а во Македонија останува под 400 евра. Тоа значи дека македонските работници се најпотценети во регионот и работат за најниски плати! Затоа, бараме итно зголемување на минималната плата, бидејќи со сегашниот износ работниците не можат да ги покријат ни основните трошоци за живот. Секоја одложена реакција е директен удар врз достоинството на работниците, а воедно и врз иднината на земјата. Македонија не смее да остане земја со најевтина работна сила – работниците заслужуваат плата што ќе обезбеди пристоен и достоинствен живот!“, вели лидерот на ССМ во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот