Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Скопските комуналци ја добија августовската плата

Вработените во „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска ја земаа августовската плата, по седумдневните протести.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека утрово од 8:30 до 9:30 часот, вработените одржале протест, без блокирање на улиците, само пред влезот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Кашиковски апелираше раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ да не бидат принудени повторно нивното основното човеково право и основно работничко право на плата да го бараат преку протести и блокади на булеварите и крстониците во Град Скопје.

Минатата недела скопските комуналци седум дена блокираа неколку раскрсници во Скопје, како последно предупредување за решавање на проблемот со платите.

ФОТО | Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно го блокираа Скопје поради неисплатени плати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот