Слободен Печат - загадено Скопје / Фото - Методи Здравев /
Слободен Печат - загадено Скопје / Фото - Методи Здравев /

Скопје утрово меѓу 10 најзагадени градови во светот

Скопје утринава е меѓу 10 најзагадени градови во светот а втор во Европа според присутноста на ПМ10 честички во воздухот. Според специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQАir, Скопје утрово е 10-ти најзагаден град со индекс 154.

Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Сараево, Багдад, Калкута, Карачи, Дака, Техеран и Мумбаи.

Фото: Принтскрин

Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот