Фото: Принтскрин/Инстаграм

Скапо име, евтин десерт: Неодоливиот милионерски колач

Познатиот милионерски колач (millionaire’s shortbread) е фантастична торта чиj „скап“ назив ни малку не одговара на комбинацијата на неговите состојки, туку е, напротив, сосема евтин. Вкусот е, затоа, извонреден!

Станува збор за стара шкотска торта, која изобилува со карамела, чоколадо, млеко… Всушност, името го добила затоа што потсетува на нешто што би јаделе богатите, но не бара скапи состојки и тешка подготовка.

Состојки:

Тесто:

– 350 грама брашно
– 230 грама путер
– 130 грама шеќер
– прстофат сол

Карамела:

– 400 милилитри кондензирано млеко
– 200 грама шеќер
– 200 грама путер
– 4 лажици растопен мед

Глазура:

– 250 грама чоколадо (млечно или црно)

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 150 степени. За слој тесто измешајте путер, шеќер и сол, па матете со миксер додека не добиете еднолична смеса. Потоа, постепено додавајте го брашното, цело време мешајќи со миксерот. Кога ќе добиете компактно тесто, ставете го во плех обложен со хартија за печење. Печете околу половина час, додека не добие златна боја. Кога целосно ќе се излади, ставете ја кората од бисквитите во фрижидер.

За слојот од карамел измешајте путер, млеко и шеќер, потоа додадете мед и постојано мешајте на средна температура додека смесата не стане густа. Кога ќе биде готово, прелијте го со бисквитот и вратете го во фрижидер.

Чоколадото растопете го на пареа, па прелијте го со изладениот (и стегнат) карамел, па вратете во фрижидер за и тоа да се стегне.

Засладете се како милионери!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот