
Синот на Хари и Меган Маркл има само една желба за Божиќ, но таа нема да му се оствари
Меган Маркл неодамна беше домаќин на проекцијата на краткиот филм „Потоа“ на Нетфликс, заедно со Дејвид Ојелово и режисерот Мисан Хариман. Интервјуто се одржа во Монтесито, Калифорнија во домот што Меган го дели со Хари и нивните две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет.
Препорачано
Во текот на разговорот Меган откри дека нејзиниот син (4) има ново хоби. Станува збор за фотографирање кое, според Меган, го воодушевило откако го запознал познатиот фотограф Хариман, кој има направено некои од портретите на војводата и војвотката од Сасекс, пишува „Пипл“.
„Инспирацијата е длабока, а минатиот пат Мисан му покажа на нашиот четиригодишен син како да фотографира. На Арчи му купив фотоапарат, но тој ми рече дека не е ‘Лајка’ каква што ја има Мисан“, рече Маркл
Меган се продолжи да објаснува и му рече на Хариман.
„Му реков: ‘Не добиваш ‘Лајка’! Ниту за Божиќ’. Но ти благодарам што го инспирираш!”, рече Меган.
Никој не беше изненаден од хобито на Арчи. Имено, бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета, често имала камера во раката, нејзината „Лајка“. Најмногу сакала да го фотографира својот сопруг додека тој се натпреварувал со кочија.
Меган (42) и Хари (39) исто така сакаат да се фотографираат. Принцот Хари го презеде официјалнито инстаграм-профил на „Нешнал џиогравик“ во 2019 година. Ввојводата и војвотката од Сасекс објавуваа фотографии на Инстаграм за време на кралската турнеја низ Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга во есента 2018 година.
ВИДЕО | Меган Маркл повторно шокира: „Не, ова не е моето вистинско име“