Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли сведочеше против татко му

Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс Џоли Пит, сведочеше против неговиот татко во текот на долгата битка околу старателството над децата на поранешниот пар.

„Медокс како полнолетно лице веќе сведочеше во тековниот спор околу старателството и не беше многу ласкав кон Бред“, објави изворот ексклузивно за „US Weekly“.

„Тој не го користи презимето Пит на своите документи, туку само Џоли, што не е легално. Медокс сака легално да го промени своето презиме во Џоли, но Анџелина изјави дека не го поддржува тоа“, додаде изворот.

Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Анџелина минатиот петок поднесе нови докази во судот во кој Пит го обвинува за семејно насилство. Во документите се наведува дека актерката и нивните деца, Медокс, Пакс, Захара, Шило и близнаците Кнокс и Вивиен, се подготвени да понудат докази во прилог тврдењата против Бред Пит.

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

„Одделението за деца и семејство од Лос Анџелес речиси веднаш го ослободи актерот од обвиненијата за семејно злоставување, но случајот остана отворен поради големата претпазливост на Одделението кое работата ја сфати многу сериозно. Во речиси две години постојано надгледување, не постоел случај во кој би се огласило ѕвончето за тревога“, изјави изворот.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Луѓе блиски до актерот наведуваат дека новите обвиненија на Џоли против Пит се само еден обичен обид за низок удар.

„Во текот на последните четири ипол години Анџелина тврдеше многу нешта. Се е разгледано, но ништо од тоа не е потврдено. Таа повеќе пати ги користеше децата за да го повреди Бред, а ова е само продолжение на таквото однесување. Нејзиниот четврти или петти адвокат се обидува само да му наштети на Пит, без никакви докази“, изјави изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот