фото/pixabay

„Сините зони“ и тајната на долговечноста: Оваа едноставна и лесно достапна храна може да ви го продолжи животот

Американскиот истражувач и автор Ден Бутнер, познат по својата работа во „сините зони“, односно регионите во светот каде што луѓето живеат подолго од просекот, дошол до уште едно интересно откритие. Бутнер открил дека јадењето грав секој ден може да го зголеми животниот век за дури четири години.

„Една чаша грав дневно е поврзана со околу четири дополнителни години. Значи, ако сакате да дознаете што јадела стогодишна жена за да доживее сто години, треба да знаете што јадела во текот на животот – како девојче, како мајка, во средните години и по пензионирањето“, истакнува Бутнер.

„Сините зони“ и тајната на долговечноста

Бутнер спровел опширно истражување во текот на годините во „сините зони“ – региони што ја опфаќаат земјината топка каде што луѓето живеат значително подолго од просекот. Овие зони ги опфаќаат: Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика. Со анализа на навиките во исхраната, социјалните врски и начинот на живот на луѓето во овие области, Бутнер дошол до клучни заклучоци за факторите кои придонесуваат за долговечноста.

Еден од најважните фактори кој Бутнер го истакна во своето истражување е исхраната богата со намирници од растително потекло, како што се зеленчук, овошје, јаткасти плодови и особено мешунките. Гравот, како еден од најпознатите претставници на мешунките, зазема централно место во исхраната на многу луѓе во „сините зони“.

Гравот е богат со влакна, протеини, антиоксиданси и микронутриенти, а има малку заситени масти, што го прави исклучително добар за срцето и за целокупното здравје.

Според Бутнер, луѓето кои редовно консумираат грав може да го зголемат својот животен век за четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот