Фото: EPA/TOLGA AKMEN

Синер и Алкараз вечерва третпат во три месеци ќе играат за грен-слем титула

Најдобриот светски тенис вечерва ќе го има своето финале на легендарниот стадион „Артур Еш“ во Њујорк, каде во 20 часот по македонско време ќе се сретнат двајцата најдобри тенисери на денешницата, Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз.

Ова е 14. меѓусебен дуел на Синер и Алкараз, при што Шпанецот води со 9:5 во победи. Финалето на САД Опен ќе биде нивна трета пресметка на грен-слем финале во последниве три месеци, што само говори за нивната доминација на светската тениска сцена.

Алкараз славеше на Ролан Гарос, Синер возврати на Вимблдон, а сега следи нова борба за титула и за првото место на АТП листата. Победникот од вечерашниот меч ќе биде и новиот број 1 на светот.

Синер има шанса да испише историја, тој веќе го освои Австралија опен на почетокот од 2025 година и со влезот во финалето на САД Опен стана само четвртиот тенисер во историјата (по Род Лејвер, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ) што стигнал до финалињааата на сите четири грен-слем турнири во една година, со 24 години, Синер е најмладиот кого тоа му успеало.

Алкараз, пак, брка шеста грен-слем титула во кариерата и втора на САД Опен, додека Синер, актуелниот шампион во Њујорк, се надева на петтиот грен-слем трофеј и одбрана на титулата.

Формата на двајцата е одлична, Алкараз на патот до финалето не загуби ниту еден сет (сите шест меча ги доби со 3:0), додека Синер изгуби само два сета. Сепак, светските обложувалници му даваат блага предност на Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот