Силно невреме го погоди Халкидики

Море/ Фото: Mahmud Hasan / Google Maps

Општина Касандра на првиот крак на Халкидики претрпе материјална штета од синоќешното невреме проследено со силен ветер, а особено погодени беа приморските места Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно.

Од општина Касандра соопштија дека ја регистрираат штетата и бараат да се прогласи вонредна состојба за брза санација.

Ветерот достигнал јачина од 10 Бофори (над 55 километри на час) и предизвикал бранови во висина од 12 метри, кои стигнале до улиците и тротоарите.

– Веќе побаравме од државата да не поддржи со прогласување вонредна состојба во општината за да постојат потребните средства што ќе ни помогнат да ги санираме штетите. Се надеваме дека нашето барање веднаш ќе добие одговор од надлежните министерства, рече градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот