Силјановска Давкова: Власти како калифи, султани и кралеви, а држава на социјални случаи

Во време на власт на СДСМ Македонија стана држава на социјални случаи – да и ја вратиме гордоста- порача кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова.

„Во време на социјалдемократска власт, Македонија станува држава на социјални случаи.  Секој ден се зголемува бројот на сиромашните луѓе. Дури и луѓе со знаење, со дипломи, луѓе кои би требало да бидат горда интелигенција, паѓаат на дното. А на врвот неколку семјества. На врвот неколку стотина луѓе кои не знаат што да прават со себе. Мора час поскоро да сториме нешто, вие сте тие кои можат тоа да го сторат. Доаѓа времето на отчетот, иако не гледам отчет од сегашниот претседател“, порача Силјановска Давкова.

Таа вели дека Македонија е социјална држава а тие што ја водат се најбогати.

„Со право некогаш ги споредуваме со најразлични калифи, султани, со кралеви“, порача Силјановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот