Сиљановска-Давкова подготви 50 оброци за социјално загрозени семејства и ранливи категории деца

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Граѓанскиот штаб подготви 50 оброци за социјално загрозените семејства и ранливи категории деца.

Сиљановска Давкова како што и самата во текот на изборната кампања во првиот изборен круг истакна дека ќе биде првата амбасадорка за борба со сиромаштијата, односно дека ќе биде постојано со граѓаните, бидејќи проблемите на граѓаните ќе бидат и нејзини проблеми.

Штитениците на СОС детско село веќе ги добија оброците кои ги подготвивме! Им благодарам на сите што учествуваа. Ќе се држам до заклетвата дадена пред Банка за храна дека во мојот мандат ќе работам на намалување на сиромаштијата и искоренување на гладта. Оваа акција на подготовка на храна за најранливите ќе биде традиционална откако ќе станам Претседателка. Ќе го вклучам целиот државен врв и дипломатскиот кор во земјата, додаде Сиљановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот