Стадион Чаир/фото: FC Shkupi

„Шверцери“ ја оштетиле опремата на МТВ – ФФМ го суспендираше стадионот во Чаир

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија.

Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога дел од домашната навивачка група запалија и фрлија факели на теренот и во делот каде беше сместена ТВ продукцијата на натпреварот, при што беше предизвикано сериозно оштетување на дел од опремата на Македонската телевизија (МТВ), која го реализираше директниот пренос.

И покрај реакциите на службите на ФФМ и делегатот на натпреварот до официјалните лица на ФК Шкупи за време на мечот, не беа преземени никакви мерки за спречување на дополнителна штета.

Македонската телевизија со официјален допис ја извести ФФМ дека штетата треба да биде надоместена и дека на стадионот во Чаир нема услови за непречено и професионално вршење на ТВ преноси, поради што нема да врши директни преноси од овој стадион сè додека не се создадат безбедни услови за работа.

Дополнително, дел од домашните навивачи запалија банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

ФФМ уште еднаш апелира до сите клубови да преземат максимална одговорност и мерки за обезбедување ред и соодветни услови за работа, со цел создавање безбедна и спортска атмосфера на сите стадиони во земјата.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот