
Шведскиот селектор Андерсон по немилите настани во Брисел: „Во каков свет живееме денес?“
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон откри како е донесена одлуката за завршување на евроквалификациот меч со Белгија на полувремето со резултат 1:1 поради терористички чин во кој беа убиени двајца шведски навивачи.
Препорачано
– Одам на пауза и ја добивам оваа информација и веднаш чувствувам дека на некој начин е сосема нереално. Во каков свет живееме денес? Ужасно ми е жал. Кога почнавме да разговараме за тоа со играчите, бевме 100% едногласни дека не сакаме да играме, од почит кон жртвите и нивните семејства – рече селекторот на Шведска, цитиран од „Афтонбладет“.
На оваа тема зборуваше и капитенот на националниот тим на Шведска, Виктор Линделоф:
– Се обидов да разговарам со сите играчи за тоа како се чувствуваат, а потоа почувствував дека морам да разговарам со белгиските играчи и да објаснам како гледаме на ситуацијата. Како што рече селекторот, бевме многу јасни дека не сакаме повеќе не сакаме да го играме мечот. Им објаснивме сè на Белгијците и тие целосно се согласија.
– Оние кои ги доведоа своите семејства или пријатели овде сакаа да се обидат директно да контактираат со нив и да видат дека се во ред. Мислам дека нашиот тим за безбедност направи многу добра работа што ни ја објасни ситуацијата. Тие нè уверија и рекоа дека стадионот е најбезбедно место во Брисел во моментов. Се чувствувавме сосема безбедно таму, иако луѓето почнаа да се грижат – се зборовите на Линделоф.