
Шведскиот селектор Андерсон доби отказ по дебаклот во квалификациите за ЕП
Јане Андерсон повеќе не е селектор на најдобрата шведска фудбалска репрезентација откако не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство во 2024 година.
Препорачано
Швеѓаните во својот последен меч од квалификациите во неделата ја совладаа Естонија со 2:0.
Шведска заврши на третото место во групата „Ф“ со само 10 освоени бодови.
На континенталниот собир ќе играат Белгија кој освои 20 бодови, како и Австрија на втората позиција со 19. Во групата беа и Азербејџан (7) и Естонија (1).
Андерсон ја водеше репрезентацијата од летото 2016, стигна до четвртфиналето на СП 2018 и до осминафиналето на ЕП 2020. Сè уште не е познато кој ќе го наследи 61-годишниот Андерсон на тренерската позиција.
Ова е второ големо натпреварување по ред кое ќе го пропуштат најдобрите шведски фудбалери по поразот од Полска во финалето на плеј-офот за Мундијалот во Катар 2022.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10час
-
11час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5