Каја Шукова / Фото: СДСМ

Шукова: Речиси целиот отпад од Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Таа вели дека сериозно мора да се размислува за селектирање на отпадот и затоа Градот мора да им понуди на граѓаните нова опрема, пред сè канти, контејнери и камиони, што е и во нејзината програма, кои ќе работат исклучиво со селектираниот отпад за да не се случуваат состојби какви што имаме денеска кога дел од граѓаните отпадот веќе го селектираат, да завршува во истите камиони кои отпадот само го депонираат на Дрисла.

Мојот план е Скопје без диви депонии и конечно е дојдено време отпадот да го третираме како ресурс. Вардариште е само една од локациите како дива депонија, покрај тоа што е и претоварна станица и којашто во овие четири години сериозно беше запуштена и не беа направени никакви интервенции за да се затвори како дива депонија за да ја добие намената којашто треба да ја има и ја имала со годините наназад-тоа е претоварна станица, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова.

Таа одржа прес-конференција пред дивата депонија Вардариште, од каде порача дека во рамките на Скопје и во рамките на Скопскиот регион, оваа локација е планирана и понатаму да биде претоварна станица.

„Што значи претоварна станица? Тоа не значи само претовар од помал во поголем камион и отпадот да заврши во Дрисла. Тоа значи сериозен систем каде што ќе се селектира отпадот, ќе се преработува, секако во соработка со сите останати партнери кои се дел од овој систем, бидејќи не е само градот, не се само општините. Тука имаме соработка и со приватниот сектор, со невладиниот сектор кои се дел од еден интегриран систем за управување со отпад“, посочи Шукова.

Таа вели дека сериозно мора да се размислува за селектирање на отпадот и затоа Градот мора да им понуди на граѓаните нова опрема, пред сè канти, контејнери и камиони, што е и во нејзината програма, кои ќе работат исклучиво со селектираниот отпад за да не се случуваат состојби какви што имаме денеска кога дел од граѓаните отпадот веќе го селектираат да завршува во истите камиони кои отпадот само го депонираат на Дрисла.

На новинарско прашање дали е можно Вардариште да добие нов изглед и намена, Шукова со став дека е можно Вардариште да се уреди како простор со кој функционално ќе се управува, што значи дека може да биде претоварна станица по европски стандарди, не ова што е во моментот.

„Оваа локација мора сериозно да се загради, да се расчисти и во иднина, согласно плановите и на државата и на градот со стратегијата за отпад да стане современа претоварна станица. Тоа значи дека тоа што ќе го собираме од кантите и контејнерите на ниво на град Скопје, тука дополнително ќе се прераспределува и селектира и потоа оди на реупотреба. Јас велам финално што помалку отпад да се депонира на Дрисла и тогаш ќе имаме капацитет на Дрисла којшто ќе ги задоволува потребите на градот Скопје. Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла. Тоа не се европски пракси и ние се стремиме кон нив и за 10-15 години да дојдеме до нула отпад, да го искористиме отпадот целосно“ рече Шукова.

Според Шукова, палењето на Вардариште е сериозен проблем по загадувањето на воздухот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот