Хјундаи / Фото EPA/JEON HEON-KYUN

Штрајкуваат работниците во „Хјундаи“, бараат покуси смени и поголеми плати

Синдикатот на јужнокорејскиот автомобилски гигант „Хјундаи“ неделава ќе стапи во тридневен делумен штрајк во повеќе фабрики ширум земјата. Се бара скратување на работните смени и повисоки плати, пренесе „Ројтерс“.

Синдикатот, кој ги брани правата на околу 40.000 вработени во компанијата, ќе започне со делумен штрајк во повеќе фабрики ширум земјата, вклучувајќи ги оние во Улсан, Чонџу и Асан.

Работниците ќе ги напуштат своите работни места два часа на 3-ти и 4-ти септември, односно четири часа на 5-ти септември.

Одлуката да се стапи во штрајк со прекин на производството следи откако мнозинството на синдикатот, на гласањето на 25-ти август даде

Синдикатот побара од управата да се исплати бонус од 30 проценти, од чистата добивка на компанијата во 2024 година, кога Хјундаи постигна рекорден промет благодарение на растот на пазарот во САД.

Се бара и возраста за пензионирање да се помести на 64 од легално гарантираните 60 години, како и да се воведе работна недела од 4 и пол денови, соопштуваат од синдикатот.

Синдикатот на Хјундаи во 2003 година беше меѓу првите во Кореја, што постигна договор со управата за воведување петдневна работна недела, во земја во којашто повеќето вработени беа ангажирани половина работно време во саботите.поддршка за планот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!