
Што треба да направите во дворот за да ги подготвите растенијата за есен?
Есента е веднаш зад аголот, што значи дека е време за неколку важни работи во дворот кои не треба да ги одложувате. Уредувањето на просторот значи поубава есен, но и клучни подготовки за следната пролет за растенијата.
Препорачано
Иако можеби сè уште уживате во последните денови од летото, добро време е да почнете да размислувате да го соберете мебелот од дворот и да го исчистите плевелот пред да дојдат постудените месеци.
Ова се неколку клучни работи кои треба да ги направите во следните неколку недели, за следната пролет сè да биде поубаво.
Отстранување на плевелите и остатоците
Со оглед на тоа дека летото е при крај, сега е идеално време да ги искористите последните сончеви денови за да ја подготвите градината за есен и зима. Ако сега го отстраните плевелот и исушените и заболени растенија, вашиот двор ќе биде поубав во текот на есента и зимата, а исто така ќе го олесните одржувањето кога повторно ќе дојде пролетта.
Чистење на мебелот во дворот
Без разлика дали се работи за софи, перничиња или скари, правилното чистење и складирање на мебелот во текот на есента и зимата е клучно за продолжување на неговиот животен век. Нессредениот мебел може да мувлоса, па затоа е важно темелно да го исчистите и чувате за да изгледа убаво следното лето. Откако мебелот ќе се исчисти и исуши, чувајте го на безбедно место за да го заштитите од елементите. Шупите и контејнерите на отворено се идеални за складирање бидејќи обезбедуваат одлична заштита.
Преместување на растенија во саксии во затворен простор
Со доаѓањето на пониски температури и подолги ноќи, време е да ги преместите вашите омилени растенија во саксии во затворен простор. Растенијата се чувствителни на студ, па затоа треба да се заштитат – без разлика дали ги внесувате во куќа, стан или стаклена градина.
Чистење на олуците
Чистењето на олуците пред есента го намалува ризикот од блокади и потенцијално оштетување за време на постудените месеци. Затнатите олуци може да предизвикаат излевање на водата, што може да ја оштети основата на вашиот дом, особено за време на мраз, пренесува „24сата“.