Што се случува со бугарското кравјо сирење? Анализите покажаа присуство на додадени растителни масти!

Речиси 20 отсто од кравјото сирење произведено лани во Бугарија имало додадени растителни масти, пишува во анализата на бугарското Министерство за земјоделство, објави порталот „Новините“.

Вкупно во текот на годината се произведени 53.641 тони сирење, од кои 12.219 тони со палмино масло. За споредба, во 2022 година произведеното сирење било 52.460 тони сирење, од кои 12.371 тони со растителни масти. „Лажното“ сирење е 2,5 пати повеќе од она од овчо млеко, на пример, кое за цела година изнесува близу 4.900 тони, што е намалување за 11,6% во однос на претходната година. Млекарниците лани употребиле 3.615 тони суровини од немлечно потекло (масти и/или протеини), покажуваат податоците на Министерството за земјоделство.

Во 2023 година, 235 претпријатија за преработка на млеко дадоа податоци за млекото што го преработуваат и за млечните производи што ги произведуваат. Тие преработиле 713 милиони литри сурово млеко (вклучувајќи ги набавките од земјите членки на ЕУ и увозот од трети земји).

Од него 94% е кравјо млеко, што е за 3% повеќе во однос на 2022 година. Според податоците доставени од претпријатијата за преработка на млеко, во производство на млечни производи во прав, 2.377 тони е млечен концентрат и 234 тони други производи (павлака, кисело млеко, сурутка).

Минатата година млекарниците користеле 3.615 тони суровини од немлечно потекло (масти и/или протеини), покажуваат податоците на бугарското Министерството за земјоделство, пишува Паритени.бг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот