
Што ќe се случува со имотот во случај на развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер: Потпишале важен договор пред свадбата
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, еден од најпознатите парови од светот на спортот, повторно се најдоа во центарот на вниманието на европските медиуми.
Препорачано
Нивниот приватен живот предизвикува многу шпекулации и јавен интерес.
Поранешниот фудбалски ас Бастијан Швајнштајгер и поранешната светска тенисерка Ана Ивановиќ со години важеа за еден од најхармоничните и најомилени парови на јавната сцена. Сепак, според сознанијата на угледниот германски магазин „БУНТЕ“ (BUNTE), на нивната бајковита љубовна приказна наводно ѝ дошол крајот.
Според овој извор, Ана и Бастијан живеат одвоено веќе два месеци и одлучиле по девет години брак секој од нив да тргне по својот пат. Иако заедно инвестираа во луксузни недвижнини низ Европа, повеќе ги ценеа заедничките моменти и семејството отколку материјалните работи, на кои секогаш им даваа приоритет.
Кога се венчаа во романтичната Венеција во 2016 година, вниманието на јавноста веднаш го привлекоа наводните детали од нивниот предбрачен договор, кои се појавија во германските медиуми. Според тогашните информации, Ана и Бастијан пред бракот потпишале документ со кој секој од нив го задржува имотот стекнат пред да влезе во заедницата.
Ана во тој момент имала околу десет милиони евра на сметката , додека Бастијан најголемиот дел од заработката го вложил во недвижен имот.
Посебно внимание привлече одлуката на парот да има посебни банкарски сметки дури и по венчавката, што беше совет од адвокатите на Бастијан.
Како што налага германскиот закон, предбрачните договори мора да бидат разработени до најситниот детал, па во нивниот случај е направен анекс за регулирање на промените во случај на доаѓање на деца.