Штекли судење / Фото: Слободен печат

Штекли во писмо пишувал дека имал змии во главата, но вештакот од Бардовци е категоричен дека тој нема шизофренија или друго растројство

Пред петнаесетина дена обвинетиот за трговија со дрога Раде Трајковски Штекли на психијатарката која е вешто лице и психијатар во болницата во Бардовци ѝ дал писмо, претходно напишано во кое пишувало дека имал змии во главата и имал порака до мајка му, коските да му се закопаат во дворот од куќата. Иако адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски во испитувањето на вештото лице Оливера Суботин Поповска, цело време при нејзино вкрстено испитување сакаше да го демантира нејзиното вештачење дека Штекли е здрав и може да го следи судењето, односно дека има шизофренија, докторката беше децидна, дека Штекли нема никакво психичко растројство или шизофренија.

– Кога ми го даде писмото, имаше театрално удирање на главата, но повторно контролирано. При разговор даваше адекватни одговори. „Како може да ти помогнам?“ – ми одговори „не можеш да ми помогнеш“. На негово барање си стана, го остави писмото кое претходно го имаше напишано – рече Суботин Поповска.

https://www.slobodenpecat.mk/shtekli-imal-epileptichen-napad-i-padnal-vo-sudnica/

Со своите одговори таа кажуваше дека иако Штекли кажува дека има халуцинации, дека има учител кој го следи, дека го следи албанска мафија и полиција, сепак психијатарката беше категорична дека ова се псевдо халуцинации, а не вистински халуцинации кои не може да се контролираат.

Раде Трајковски – Штекли, адвокатот Сашо Дуковски и психијатарот на одбраната Ѓорге Аџи Ангелковски

-Халуцинациите се подолготрајни, постојани. Псевдохалуцанциите се повремени. Вистинските не може да се контролираат за разлика од псевдо халуцинациите. Кажува дека слуша гласови, а потоа на прашањата си одговара смирено – објаснуваше психијатарката.

Неговиот страв од полиција и албанска мафија го опиша како реален, за човек што доживеал три напади врз него. Всушност од нејзините одговори можеше да се сфати дека неговите кажувања се контролирани, одговара смирено, има магиски верувања, верувања во телепатија и паранормални активности. Но сите овие работи, според неа не го прават Штекли човек со психичко растројство, туку човек со шизодни карактеристики на неговата личност.

Во разговорите со нејзе тој зборувал за дочек на Нова година во Црна Гора, патувања во Дубаи, редовно одење во теретана и дружби со пријатели, а не за личност која е шизофрена и дисфункционална.

Штекли имал епилептичен напад и паднал во судница

Во судницата беше и вештакот на одбраната Ѓорѓи Хаџи Ангелковски, кој процени дека Штекли има шизофренија и не може да го следи судењето, но тој немаше прашања за колешката.

На следното рочиште судечкиот совет предводен од судијата Илија Трпков ќе каже дали ќе има супервештачење или ќе донесе одлука кое од вештачењата ќе го земе предвид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот