Шпанскиот Врховен суд одлучи: За пушачите пониски плати

Шпанскиот Врховен суд се потпираше на претходната пресуда дека работниците немаат право на платена пауза за цигари, кафе или доручек.

Компанијата која прекина на своите вработени да им го плаќа времето кое го поминуваат на паузите за пушење го доби случајот во шпанскиот Врховен суд, пренесува „Б92“.

Енергетската компанија „Галп“ вели дека постапувала по законите на земјата кога од одземала времето поминато надвор од просториите од вкупниот број на работни денови на вработените.

Неодамнешните измени на шпанскиот закон побаруваат од компаниите да ги бележат влегувањата и излегувањата на работените од работното место.

Надгледувањето е воведено за да се спречи екплоатација на вработените и зголемена флексибилност во работното време наведено во договорот. Исто така треба да се справи со шпанскиот проблем за неплатеното прекувремено работење. Имено, во 2019 година речиси три милиони часа прекувремена работа никогаш не биле платени, пишува Би-Би-Си.

Сепак, барањето имаше непредвидени последици за речиси 10 милиони пушачи во Шпанија.

Со снимањето на моментот кога вработените влегуваат и излегуваат од канцелариите, компаниите можат да пресметаат колку време работниците се на своето биро.

Шпанскиот Врховен суд се потпираше на претходната пресуда дека работниците немаат право на платена пауза за цигари, кафе или доручек. Шпанските работници работат три часа повеќе годишно во однос на останатите Европјани, освен во Италијанците и Португалците.

Просечниот работник во Шпанија во 2018 година работел 1.701 час, Германецот 1.363 часа, а Британецот 1.538.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот