Фото: Paris Basketball

Шортс и Париз ја срушија Барселона, Димитријевиќ без поголем придонес во победата на Олимпија над Партизан

Кошаркарите на Партизан го претрпеа шестиот пораз во Евролигата сезона и четврти на домашен терен откако вечерва Олимпија Милано беше подобра со 81:88.

„Црно-белите“ одиграа уште еден натпревар во кој не беа на нивото. Денеска не успеаа да слават иако во еден момент од натпреварот имаа и 12 поени разлика.

Олимпија Милано клучната разлика ја направи со серијата од 7:0 кон средината на последната четвртина (82:76). Партизан се обиде во финишот да се доближи, меѓутоа немаше сили за некаков пресврт.

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ за разлика од некои дуели претходно одигра само девет минути и постигна три поени и тоа во почетните минути.

За разлика од Димитријевиќ Ти-Џеј Шортс вечерва блескаше и беше најдобар на теренот во победата на Париз на гости кај Барселона од 87:103. Шортс го заврши натпреварот со 24 поени, девет асистенции и еден скок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот