Instagram

Шолја сатирично еспресо макијато: Кој е Естонецот од Евровизија што ги налути италијанските политичари?

Првото евровизиско полуфинале беше полно со возбуда и изненадувања, а милиони гледачи со нетрпение ги очекуваа резултатите за да видат кои десет изведувачи продолжуваат да го живеат својот евровизиски сон. Меѓу нив беше и естонскиот рапер и уметник Томи Кеш, чие вистинско име е Томас Тамемец, кој ја изведе песната „Espresso macchiato“.

Песната „Espresso macchiato“, која претставува пародија на италијанската култура со изобилство пица, тестенини и лошо изговорен италијански јазик, веќе со недели привлекува внимание. Бројките на обложувалниците растеа, а синоќа Естонија се пласираше во големото финале.

Познат по провокациите

За време на сценскиот настап како дел од необичната кореографија, наводна обожавателка „упадна“ на сцената и им се придружи во танцот, пред да биде однесена од обезбедувањето. За песната е одговорен 33-годишниот Естонец со руско-украинско-казахтанско потекло, Томи Кеш.

Минатата година тој ја претстави песната „Untz Untz“, која беше пародија на германската техно сцена, што беше пречекано со ентузијазам во Естонија, давајќи му сила да учествува на „Eesti Laul“, естонскиот избор за песна на Евровизија. Неговата уметничка креативност беше пречекана со позитивни критики во водечките светски модни, музички и филмски списанија, но Италијанците не реагираа позитивно на неговата евровизиска песна.

Роден е во Талин, а додека растел многу пати бегал од полицијата. Меѓу другото, неговите родители морале да платат казна за неговите нелегални графити. Тој бил исфрлен од училиште поради употреба на марихуана, па затоа никогаш не завршил средно училиште. Пред матурата, тој решил да се откаже од училиштето за да се фокусира на танцување и сликање.

Досега има издадено два албума и настапувал низ цела САД и Европа, вклучувајќи ги и некои од најголемите фестивали.

Една од водечките партии во Италија, десничарската Лига, преку својот лидер Матео Салвини, побара дисквалификација на естонската песна поради навреда на Италијанците, но единственото нешто во што успеаја беше „Espresso macchiato“ да се најде на врвот на највиралните песни на Spotify во Италија и италијанските радиостаници да емитуваат една евровизиска песна, а тоа да не е онаа што ја претставува Италија. Благодарение на тоа, Кеш доби можност да настапува низ цела Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот