Шолц се противи на употребата на западно оружје за напад на Русија

Олаф Шолц, канцелар на Германија /Фото: EPA-EFE/Thomas Lohnes / POOL

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека се противи на употребата на оружје обезбедено од западните сојузници на Украина за напад на Русија.

Шолц изјави за АРД дека во моментов не гледа причина за проширување на областа на употреба на западно оружје во војната во Украина, објави украинска Правда.

„Постојат јасни правила за набавка на германско оружје кои се договорени со Украина и кои функционираат“, рече Шолц во емисијата „Тагешау“ на германскиот јавен сервис.

Тој додаде дека ова е барем негов став.

Целта на неговата политика кон Украина е „да спречи прераснување на конфликтот во голема војна“, додаде Шолц, истакнувајќи дека досега Германија ја условуваше испораката на оружје за Украина со услов да не се користи на руска територија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во петокот ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

„Сега кога се водат многу борби во Харков, блиску до границата, ускратувањето на можноста на Украина да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија, им отежнува да се одбранат“, рече тој во интервју за „Економист“.

Весникот наведува дека јасна, иако неименувана цел на Столтенберг била политиката што ја водел американскиот претседател Џозеф Бајден, со која тој ги одредува целите што Украина може да ги нападне со американско оружје, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот