Фото Колаж на СП/ЕПА

Шолц го повика Путин да се согласи на прекин на огнот во Украина

 Канцеларот Олаф Шолц во телефонскиот разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател што побрзо да се согласи на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската Влада.

Шолц го потсетил Путин и на одговорноста на Москва за глобалната ситуација со храна.

– Примирјето е неопходно да се подобри хуманитарната ситуација во Украина и да се овозможи напредок во изнаоѓање на дипломатското решение за судирот, истакна портпаролот на германската Влада.

Претходно Кремљ соопшти дека Путин во телефонскиот разговор со Шолц „ги презентирал логиката и основните задачи на руската операција во Украина”.

– Владимир Путин детално ги наведе логиката и главните задачи на специјалната воена операција за заштита на народните републики во Донбас, а зборуваше и за мерките преземени за обезбедување на безбедноста на цивилното население, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин, според Кремљ, го информирал Шолц и за учеството на претставници на ОН и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во евакуацијата на цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот