
Шкендија в четврток против Рајо Ваљекано ќе дебитира во УЕФА Конференциската лига
Ова лето македонскиот фудбалски шампион Шкендија испиша историја, за прв пат обезбедувајќи пласман во лигашка фаза во едно од клупските натпреварувања на УЕФА.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Откако во второто квалификациско коло на ЛШ го елиминираше романскиот ФЦСБ (поранешната Стеауа), го обезбеди настапот во Конференциската лига.
Играчите на Јетон Беќири беа елиминирани од азербејџанскиот Карабах, а се покажаа како храбар и достоен ривал против бугарскиот Лудогорец во плејофот за Лигата на Европа.
В четврток (2 октомври) официјално ќе почне новата сезона и во третото по квалитет натпреварување, Конференциската лига.
Шкендија од 18.45 часот на стадионот Ваљекас во Мадрид, Шпанија, во дебитантскиот настап, ќе игра против Рајо Ваљекано.
Главен судија на овој меч е Мохамед Ал-Емара од Финска, а неговите асистенти се Турка Валјака и Мика Лампу, исто така од Финска.
Распоредот на натпреварите на ФК Шкендија во Конференциската лига:
• 2 октомври 2025 година, 18.45 | Рајо Ваљекано – Шкендија (Мадрид)
• 23 октомври 2025 година, 18.45 | Шкендија – Шелбурн (Скопје)
• 6 ноември 2025 година, 21.00 часот | Шкендија – Јагелонија Бјалисток (Скопје)
• 27 ноември 2025 година, 21.00 часот | Дрита – Шкендија (Приштина)
• 11 декември 2025 година, 18.45 часот | Шкендија – Слован Братислава (Скопје)
• 18 декември 2025 година, 21.00 часот | АЕК Ларнака – Шкендија (Ларнака)
View this post on Instagram