Фото: Профимедиа

Шест намирници што секојдневно ги консумираме, а најмногу му штетат на здравјето на црниот дроб

Црниот дроб е еден од најважните органи во човечкото тело – одговорен е за детоксикација, производство на бројни важни ензими и варење на масти.

Сепак, честопати не размислуваме колку исхраната може да влијае на неговото здравје. Иако црниот дроб има способност да се регенерира, долготрајната изложеност на штетни супстанции, особено преку исхраната, може да доведе до воспаление, замастен црн дроб или дури и оштетување.

Според мислењето на разни нутриционисти, овие шест видови храна се особено ризични за здравјето на црниот дроб:

1. Пржена и мрсна храна

Храната богата со заситени масти, како што се прженото месо, помфритот и брзата храна, го поттикнуваат таложењето на масти во црниот дроб. Редовното консумирање на таква храна го зголемува ризикот од безалкохолни масни болести на црниот дроб, особено кај луѓе со седечки начин на живот.

2. Преработено месо

Колбасите, саламите и сличните производи содржат високо ниво на натриум, заситени масти и адитиви. Нутриционистите предупредуваат дека ако често се консумираат може дополнително да го преоптоварат црниот дроб и може да го зголемат развојот на метаболички нарушувања.

3. Шеќери и засладени пијалаци

Прекумерниот внес на шеќер, особено на газирани пијалаци, индустриски овошни сокови и слатки производи богати со фруктоза се поврзува со таложење масти во црниот дроб. Фруктозата од овие производи се преработува исклучиво во црниот дроб, а нејзиниот вишок може да предизвика воспаление и развој на инсулинска резистенција.

4. Алкохол

Иако умереното пиење се смета за социјално прифатливо, експертите предупредуваат дека редовната консумација на алкохол со тек на време води до оштетување на клетките на црниот дроб. При разградувањето на алкохолот во црниот дроб се создаваат токсични материи кои можат да предизвикаат воспаление и фиброза.

5. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пекарски производи и тестенини брзо ја зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Кога ваквите јаглехидрати се консумираат често, без физичка активност, може да доведат до зголемување на маснотии во црниот дроб.

6. Индустриски сосови и грицки

Чипсови, готови сосови и други преработени грицки често содржат скриени шеќери, трансмасти и конзерванси кои дополнително го оптоваруваат црниот дроб. Стручњаците предупредуваат дека овие производи имаат мошне мала хранлива вредност, а лесно се консумираат во преголеми количини.

Здравјето на црниот дроб во голема мера зависи од навиките во исхраната. Избегнувањето на наведените видови храна и избор на здрава, разновидна и балансирана исхрана се клучни за зачувување на функцијата на овој витален орган.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот