мозок
Фото: Pexels

Шест предупредувачки знаци на деменција, важно е навреме да се препознаат!

Без разлика дали сте загрижени за себе или за некој во вашата околина, важно е да ги знаете предупредувачките знаци на деменција за да можете да обезбедите рана дијагноза.
Раното дијагностицирање на деменцијата може да доведе и до подобро лекување на болеста, предупредуваат лекарите, па затоа е исклучително важно навреме да се забележат и препознаат симптомите.

„Се проценува дека околу 55 милиони луѓе во светот во моментот страдаат од Алцхајмерова болест и други причини за деменција, а се проценува дека до 2030 година овој број ќе се зголеми на 78 милиони, а до 2050 година и до 139 милиони луѓе“, вели д-р Ендрју Бадсон, ендокринолог.

„Едноставно нема доволно невролози, психијатри и невропсихолози за да успеат да дадат дијагноза на сите луѓе што страдаат од когнитивно пропаѓање и деменција. Општите лекари ќе мора да преземат водство во ова прашање“, додава тој.

Ова се најчестите знаци на деменција што треба да се запомнат и да се следат, а нив ги истакнуваат лекарите.

Губење на меморијата

Додека некоја форма на губење на меморијата, како што е барањето на клучевите од автомобилот, не е сигнал за паника, драматичните промени во паметењето може да бидат симптом на деменција.
„Важно ми е да го знам ова кога сакам да дојдам до дијагноза. Притоа секогаш прашувам дали имало големи промени во меморијата и во размислувањето? Дали имало промени поради кои личноста повеќе не се чувствува добро?“, наведува д-р Саманта Холден.

Збунетост

Ова е еден од раните симптоми на деменција и можеби нема прв да се појави. „Чувството на збунетост е чест проблем кај луѓето постари од 65 години. Пропаѓањето на нормалните когнитивни активности може да биде акутно или хронично и прогресивно. Кај постарите луѓе, исто така, може да биде симптом на делириум или деменција, иако исто така може да биде поврзано со психози и нарушувања, како што е голема депресија“, стои на страниците на „Американски семеен лекар“, а ова се резултатите од медицинските истражувања.

Нарушено расудување

Дали вие, или личноста што ја познавате, не препознавате нешто што може да ги загрози здравјето и безбедноста?
Одвреме-навреме, луѓето може да донесат сомнителни одлуки како што е одложување на посетата на лекар кога не се чувствуваат добро. Меѓутоа, лицето со деменција може да доживее промени во расудувањето или донесувањето одлуки, како што е непрепознавање медицински проблем што бара внимание или носење тешка облека на топол ден.

Проблеми со спиењето

Нарушениот сон е тесно поврзан со деменцијата, а некои ќе ги искусат овие симптоми многу години пред да се постави дијагноза.
„Можеме да ги дијагностицираме проблемите низ набљудување на квалитетот на сонот на една личност. Постојат големи шанси да развијат деменција со Луи тела, а тоа е хронично когнитивно опаѓање и станува збор за трета најчеста деменција. Обично се појавува кај луѓе постари од 60 години, или со Паркинсонова болест“, објаснил неврологот Џејмс Леверент.
„Обично кога имам пациент и токму тоа го прашувам – дали има проблеми со спиењето, честопати партнерот на личноста ќе каже дека ги има веќе неколку години“, додава тој.

Халуцинации

Деменцијата може да предизвика личноста да гледа работи што не се во близина, предупредуваат лекарите. Доктор Леверент додава дека тоа станува проблем кога личноста ќе почне да верува дека халуцинациите се реални и дека проблемот мора да се реши ако личноста мисли дека мора да повика полиција за да ја реши работата или ако е толку исплашена што не може да заспие.

Што е толку смешно?

Губењето на способноста да се разбере шегата може да биде еден од раните симптоми на деменција.
„Ако забележите дека вашата смисла за хумор е променета во голема мера, можеби е време да посетите лекар за совет, но и за лекување“, советува доктор Кејти Пуцекеринг, советничка за Алцхајмерова болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот